Top Sport

Крос видел многу во фудбалот, но никогаш не почувствувал атмосфера како на „Селтик парк“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос во својата кариера видел многу работи, играл на многу стадиони и освојувал многу титули, но признава дека бил воодушевен од атмосферата која ја почувствувал на стадионот на Селтик минатата недела, признавајќи му на соиграчот Давид Алаба дека се чувствувал како да губат со 0:2 уште пред да почне мечот.

32-годишниот Германец беше дел од тимот кој стигна до 3:0 победа на „Паркхед“ и во разговор со неговиот брат Феликс Крос призна дека сега има нов омилен стадион.

„Неколку пати ме прашале кој ми е омиениот стадион. Сега, сигурно, имам број 1. На ‘Селтик парк’ беше навистина лудо. Излеговме и веднаш атмосферата беше добра. Но, кога почна химната на Лигата на шампиони мислев дека стадионот ќе се сруши. И потоа повторно беше исто. Кога се наредивме за тимска фотографија му кажав на Алаба: ‘Мислам дека веќе губиме со 2:0’. Навистина лудо. Првите 20 минути не притиснаа и имаа шанси, а навивачите ги туркаа уште повеќе. Дури и кога им го дадовме третиот гол, не престанаа да навиваат. Кога дојдоа замените, цел стадион застана на нозе. Посебното беше што не само што го туркаа својот тим, туку не покажаа омраза кон нас. Навикнат сум на многу работи во гоините, но ова навистина ме импресионираше. Фантастично искуство“, вели Крос.

Scroll to Top