Тони Крос би можел во јануарскиот преоден рок да го напушти Реал Мадрид. Шпанските медиуми тврдат дека Флорентино Перез, ќе го ослободи Германецот за сума од 30 милиони евра. Неколку клуба сериозно биле заинтересирани за Крос.
Тони Крос, пред седум години, простигна во Мадрид. Беше стандарден член на екипата која освои четири титули во Лигата на шампионите и две во Ла Лига.
Наводно, најсериозни кандидати за неговиот потпис се ПСЖ и Манчестер сити. Негова желба била да се пресели во ПСЖ.
Во кариерата има одиграно 327 натпревари, постигнал 22 гола и забележал 80 асистенции.