Тони Крос имаше брутален коментар за својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Еден Азар, оценувајќи дека Белгиецот дозволил „кариерата да му умре“ на „Сантијаго Бернабеу“.
32-годишниот Азар пристигна за 100 милиони евра од Челси во 2019 година со репутација на еден од највештите фудбалери на светот, но минатата недела по очајни четири години реши да го раскине договорот со „кралевите“ и според шпекулациите размислува за пензионирање. Крос, кој освои четири титули од ЛШ и три од Ла лига во деветте години со Реал, на својот подкаст го „боцна“ Белгиецот по потврдата на трансферот на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.
„Имавме и уште еден фудбалаер кој дојде за многу пари и во основа дозволи неговата кариера да умре. Се работеше за многу пари и мислам дека никој нема да го оцени тоа како добар трансфер. Но, да бидеме позитивни“, вели Крос.
Азар имаше 7 гола во само 76 настапи за Реал Мадрид.