Top Sport

Крос за малку ќе завршел на токсикологија по поразот од Челси

Германската фудбалска ѕвезда Тони Крос признава дека испил премногу алкохол во обид да го заборави поразот на Баерн Минхен во финалето на ЛШ од Челси во 2012, што морале дома да повикаат лекар.

Крос, кој сега е ѕвезда во Реал Мадрид, се обидувал да ја намали болката од Челси, кои триумфираа на пенали на сопствената „Алијанц арена“ на Баерн, откако прво Томас Милер ги донесе во водство во 83. минута. Дидие Дрогба израмни пред крајот на 90-те минути, и Баерн ја загубија титулата откако Бастијан Швајнштајгер ја погоди пречката со својот обид.

Братот на Крос, Феликс се потсети: „Финалето од ЛШ во 2012, тогаш пиевме од фрустрација. Бевме многу блиску да ни треба лекарска помош“.

Самиот Крос се согласи: „Не беше убаво, но барем имаше причина. Се сеќавам дека мојата сопруга Џеси ми кажа дека не треба да викнеме доктор, бидејќи тоа да се појавеше во јавноста…  Немаше друг начин да се олесни болката. На крајот, јас викнав доктор бидејќи можеше да биде многу лошо“.

Крос исто така се потсети на уште една алкохолизирана вечер со неговиот брат и поранешниот дефанзивец на Баер Леверкузен, Штефан Рајнхарц.

„Пиевме текила, бидејќи само тоа ни одеше. Следниот ден бешепекол. Тогаш си кажав дека веќе не пијам алкохол и целосно се откажав. Не ми недостасува“, вели Крос.

Scroll to Top