Top Sport

Дури 16 НБА играчи се позитивни на корона вирус!

НБА лигата потврди дека по 302 тестови на корона вирусот, дури 16 кошаркари имаат позитивни тестови пред најавениот рестарт на лигата.

„Кошаркарите кои беа позитивни ќе останат во самоизолација додека не се исполнат потребните услови според здравствениот протокол“, објави НБА.

НБА лигата треба да се рестартира на 30 јули на „Волд Дизни ворлд резорт“ во Орландо, Флорида со 22 тима. Засега, само Торонто репторс се таму, а се очекува пристигнувањето на другите тимови до 9 јули.

Кошаркарите ќе бидат тестирани постојано на КОВИД-19 додека се во Орландо и ќе имаат секојдневни лекарски прегледи.

Scroll to Top