Младен Крстајиќ повеќе не е селектор на Бугарија. Српскиот тренер доби отказ по слабите резултати во квалификациите за Европското првенство, во кои освои само два бода во шест натпревари.
Исто така, бугарската репрезентација во моментов е во серија од девет натпревари без победа, а последен противник што го добија беше Кипар во пријателски меч во ноември минатата година.
Овој потег не е изненадување со оглед на тоа што минатата недела беше изложен на жестоки критики од бугарските медиуми бидејќи зборуваше многу негативно за тамошниот фудбал.
Крстајиќ ја презеде Бугарија во јули 2022 година. Претходно беше селектор на Србија која ја водеше на СП 2018 година. Помеѓу Србија и Бугарија, тој исто така раководеше со ТСЦ од Бачка Топола и Макаби Тел Авив.