Top Sport

Крстајиќ ги исфрли Миливоевиќ, Ивановиќ, Тошиќ…

Српскиот селектор Младен Крстајиќ очигледно реши да направи „ремонт“ во репрезентацијата откако на новиот список за мечевите од Лигата на нации на УЕФА реши да не земе голем број на фудбалери од СП во Русија.

Меѓу повиканите ги нема Лука Миливоевиќ, откако тој го критикуваше Крстајиќ за изборот на Мундијалот, но и Владимир Стојковиќ, Бранислав Ивановиќ и Душко Тошиќ, додека во младиот тим се враќаат Марко Груиќ и Лука Јовиќ.

Новаци во репрезентацијата се Јагош Вуковиќ, Мијат Гаќиновиќ, Ненад Крстичиќ, Саша Лукиќ, Немања Максимовиќ и Александар Јовановиќ.

Србија е во групата 4 во Лига на нации со Литванија, Романија и Црна Гора.

Scroll to Top