Top Sport

Марлон: Сасуоло имаат иста филозофија со Барселона!

Бразилецот Марлон вели дека неговиот нов клуб Сасуоло има „слична филозофија“ со Барселона, додавјаќи дека е импресиониран по победата над Интер во првиот меч од новата сезона во Серија А.

Марлон дојде токму од Барселона за 6 милиони евра, иако Блауграна ги задржа правата да го врати фудбалерот и добива процент од неговата следна продажба.

„Пресреќен сум што дојдов во овој клуб и им благодарам за довербата која се надевам дека ќе ја оправдам. Сасуоло има слична филозофија со Барселона и така полесна ќе се навикнам. Тоа што го видов на тренинзите и на мечот со Интер ме импресионираше. Многу бразилски дефанзивци имаа одлична кариера во Серија А, така што сум сигурен дека можам да ги подобрам моите способности“, вели Марлон.

Scroll to Top