Top Sport

Крстајиќ ќе биде новиот селектор на Нигерија?

Фудбалскиот сојуз на Нигерија подготвува изненадувачко решение на селекторската позиција. Нигеријците не биле задоволни од работата на Германецот Гернот Рор и се подготвувале на неговото место да го постават Младен Крстајиќ. Медиумите во оваа земја тврдат дека тие веќе ги започнале преговорите со довчерашниот тренер на српскиот прволигаш, ТСЦ.

Крстајиќ (47), ја предводеше Србија на Светското првенство во Русија. Во група со Бразил, Швајцарија и Костарика, Крстајиќ со Србија не успеа да се пласира во нокаут-фазата.

Србите му врачија отказ на почетокот од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2020 година, кога Србија доживеа тежок пораз од Украина.

Нигерија, со Рор, избори место во баражот за пласман на Мундијалот во Катар. „Супер орлите“ ја освоија групата во која беа Зеленортските острови, Ливерија и Централно-африканската република.

Scroll to Top