Top Sport

Крстичиќ од Црвена ѕвезда во АЕК Атина

Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда потврди дека еден од нејзините стандардни играчи, Ненад Крстичиќ, својата кариера ќе ја продолжи во АЕК од Атина.

Репрезентативецот на Србија решил да ја искористи клаузулата во договорот, која му овозможува да го напушти клубот за сума од 500.000 евра. Крстичиќ барал оваа клаузула да биде ставена во договорот кога летото во 2017 година, како слободен играч пристигна во редовите на српскиот шампион.

Црвена ѕвезда му понудила на фудбалерот, нов три и пол годишен договор и плата од 500.000 по сезона, но тој решил да замине.

Scroll to Top