Top Sport

Матуиди ја донирал наградата од СП

Фудбалерот на Јувентус, Блез Матуиди, во добротворни цели ја донирал наградата која ја добил за освојување на титулата светски првак со француската репрезентација.

Фудбалската федерација на Франција за успехот што го постигна репрезентацијата на Светското првенство во Русија доби 38 милиони евра. Секој фудбалер за светската титула бил награден со 330.000 евра.

„Сите можеме да донираме и да одлучиме дали тоа јавно ќе го кажеме. Кога прашувате ќе ви потврдам парите ги подарив на мојата фондација. Килијан (Мбапе) е во право кога вели дека веќе сме заработиле многу пари. Бонусот што го добивме не е голем, поради тоа да не правиме сензација од тоа, има деца на кои ова им е неопходно. Најважно е ова да доаѓа од срцето и затоа што покажуваме дека се грижиме за оние што немаат“, рекол Матуиди.

Играчот на Јувентус е основач на добротворната организација чија цел е сиромашните деца да ги интегрира во општеството.

„Детските насмевки секогаш ме прават среќен“, дополнил Матуиди.

Scroll to Top