Раде Круниќ прво заслужи црвен картон кога започна расправија, а потоа го утна одлучувачкиот пенал откако Милан одиграа 0:0 со Валенсија, за на крајот на пенали да го загубат Трофео Таронха на „Месталја“.
Оливие Жиру и Анте Ребиќ ги утнаа најдобрите шанси на натпреварот, а тоа што требаше да биде пријателски меч на крајот се претвори во општа турканица во 82. минута кога Круниќ направи груб фаул над Хозе Гаја, кој реагираше со туркање со глава, а Круниќ одговори со шамар. Судијата беше милозлив и додели само жолт картон.
Можеби ќе беше подобро за тимот на Стефано Пиоли, Круниќ да биде во аут, бидејќи тој беше единствениот кој утна пенал во пенал серијата.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) August 4, 2021
— Milan Posts (@MilanPosts) August 4, 2021
PK Milan vs Valencia
Giroud ✅
Calabria ✅
Krunic ❌
Rebic ✅#ForzaMilan #ValenciaMilan pic.twitter.com/keC9HYnY1Q— razan (@razanfrs_) August 4, 2021