Top Sport

Круниќ со совршен деби-гол, Милан со победа во Верона

Раде Круниќ постигна фантастичен гол од слободен удар за да помогне Милан да дојде до 0:2 победа на незгодното гостување кај Верона и да го заддржи притисокот на лидерот Интер пред нивното дерби со Аталанта во понеделник.

Круниќ во 27. минута беше апсолутно совршен од слободен удар за водство на „росонерите“, кое го удвои Диого Далот во 50. минута од мечот. Сега, Милан има 56 поени, три зад Интер и четири пред Јувентус, иако Интер и Јуве имаат натпревар помалку. Верона е осма со 38 поени.

Во дуел на два тима кои се наоѓаат во зоната за испаѓање, последнопласираниот Кротоне со двата гола на Сими стигна до 4:2 победа над Торино, додека Фиорентина и Парма одиграа драматично 3:3 реми на „Артемио Франки“.

СЕРИЈА А, 26.КОЛО

Верона – Милан 0:2

Фиорентина – Парма 2:3

Кротоне – Торино 4:2

Scroll to Top