Top Sport

Крузеиро првпат испадна, навивачите го прекинаа последниот меч (видео)

Клубот од Бело Хоризонте, Крузеиро не го одигра последниот меч од бразилската Серија А, откако навивачите почнаа да корнат седишта и да ги гаѓаат своите фудбалери, бидејќи првпат во историјата клубот испаѓа од бразилската елита.

Дуелот со Палмеирас мораше да биде прекинат на пет минути пред крајот, откако гостите постигнаа втор гол за 0:2 водство, по што се случи вистински хаос на трибините. Полицијата интервенираше додека навивачите фрлаа објекти на теренот.

На Крузеиро им беше потребна победа во последниот меч од сезоната и надеж дека Сеара, тимот кој стартуваше со два поени пред нив ќе загуби од Ботафого. Сеара на крајот остана 1:1 и ја заврши сезоната со 39 поени, три пред Крузеиро.

Ова е само последен удар за навивачите на клубот, откако во мај директорите на клубот беа обвинети за корупциски скандал, по што сменија дури четири тренери во 38-те кола во шампионатот, од кои последниот минатата сезона.

Тие испаѓаат заедно со ЦСА, Шапекоенсе и Аваи. Фламенго ја освои титулата во Бразил, како и Копа Либертадорес. Во топ 6, односно со пласман на Копа Либертадорес следната сезона се и Сантос, Палмеирас, Гремио, Атлетико Параненсе и Сао Пауло.

Scroll to Top