Top Sport

Марсеј со камбек-победа ја продолжи трката со ПСЖ (видео)

Иако е тешко да се прогнозира дека Олимпик Марсеј ќе успее да ги предизвика моќните и богатите Пари Сен-Жермен за титулата во Франција оваа сезона, тимот под водство на Андре Вилаш Боаш продолжува со одличните резултати по 3:1 камбек победата над Бордо.

Јасин Адли со „бомба“ им донесе водство на Жирондинците во 31. минута од првото полувреме, но пред полниот „Велодром“, Марсеј направи импресивно враќање. Жордан Амави во 48. минута израми на 1:1, пред во 60. минута, Морган Сансон да го комплетира пресвртот со прекрасен гол. Немања Радоњиќ во 92. минута ги постави конечните 3:1.

Со победата, десетта во 17 кола, Марсеј има 34 поени на второто место на табелата, пет помалку од ПСЖ, кои имаат и натпревар помалку. Бордо се петти со 26 поени.

Scroll to Top