Top Sport

Кубо повторно пратен на позајмица во Мајорка

Реал Мадрид потврдија дека нивната јапонска ѕведа Такефуса Кубо ќе се врати во Мајорка на уште една позајмица во 2021/22.

20-годишниот Кубо, импресионираше за Мајорка во 2019/20 со 36 меча и 4 гола, додека минатата сезона беше позајмен во Хетафе и Вилјареал, за сега да се врати на Балеарските Острови за уште една сезона.

Мајорка во 2020 испаднаа од Ла лига, но се вратија оваа сезона, и го добиваат Кубо и покрај интересот за Реал Сосиедад. Кубо, кој настапуваше за Јапонија на Олимпијадата во Токио, пристигна во Реал во јуни 2019, но уште нема меч за сениорскиот тим.

Scroll to Top