Top Sport

Фоњини се извини за хомофобичните навреди

Откако пред неколку недели беше во центарот на контроверзите по хомофобичните пцости на Олимпијадата во Токио, италијанскиот тенисер Фабио Фоњини се извини со носење на стегач со боите на виножитото и порака на социјалните мрежи.

Кога губеше во третото коло на олимпискиот турнир во Токио против Данил Медведев, темпераментниот Италијанец почна да пцуе на италијански, упатувајќи низа хомофобични навреди.

Иако тој веднаш се извини за „глупостите“ кои ги направи, на Мастерсот во Торонто тоиде понатаму, носејќи стегачи со боите на виножитото и со порака на социјалните мрежи: „Љубов за сите“.

Scroll to Top