Top Sport

Куцка постигна гол од половина терен (Видео)

Галатасарај го совлада Трабзон 2:1, во 27.коло во турската Суперлига, ја задржа лидерската позиција на табелата, но шоуто на домашните фудбалери им го украде гостинскиот фудбалер Јурај Куцка.

Трите бода на Галатасарај му ги донесоа Фегули и Гомис, со головите во шестата и 60.минута., а потоа во 92.минута Куцка го изведе потегот на сезоната во Турција.

Репрезентативецот на Словачка постигна гол од 50 метри. Куцка изведе слободен удар од средината на теренот и го погоди левиот агол од голот на Муслера.

По 27 кола, во Турција, Галатасарај има 57 бода, на второто место е Басакшехир, а актуелниот првак Бешикташ е на 53 бода.

Scroll to Top