Top Sport

Будуќност ќе игра финале во АБА лигата (Видео)

Будуќност ја доби „мајсторката“ против Цедевита исе пласира во финалето во регионалната АБА лига. Во Подгорица, Будуќност славеше 72:57.

Цедевита, во „Морача“, го диктираше ритамот и имаше предност во првите 30 минути, меѓутоа домашните кошаркари одиграа беспрекорно во решавашкиот период и заслужено се пласираа во своето прво финале во АБА лигата.

Цедевита, во текот на мечот неколку пати имаше предност од 11 поени, а во последната четвртина влезе со поен предност (44:45). Меѓутоа во последниот период Будуќност за седум минути направи серија 22:4 со која го реши победникот.

Најефикасен играч кај победникот беше Поповиќ со 14 поени, Ивановиќ уфрли 13, а Лендри 11. Кај Цедевита само Укиќ постигна двоцифрен број на поени. Капитенот на тимот уфрли 12 поени.

Вториот финалист ќе биде познат утре кога третиот натпревар ќе го одиграат Црвена звезда и Морнар.

Scroll to Top