Top Sport

Кудела доби 10 меча суспензија за расизам

УЕФА потврди дека фудбалерот на Славија Прага, Ондреј Кудела доби суспензија од 10 меча за расистички навреди кон фудбалерот на Глазгов Ренџерс, Глен Камара, кој пак заслужи казна од три меча за тепачката во текот на бурниот меч на „Ајброкс“ во март.

Камара, финскиот репрезентативец, е обвинет дека го нападнал Кудела во тунелот по мечот кој Славија го доби и го елиминираше шкотскиот шампион. Напаѓачот на Ренџерс, Кемар Руф доби четири меча суспензија за ударот со нога во глава на голманот Ондреј Колар (кој доби скршен череп), додека Ренџерс се казнети со 9.000 евра бидејќи не ги контролирале своите фудбалери.

Кудела, преку своите адвокати објави дека е изненаден од одлуката и дека се работи за „валкани обвинувања“, иако призна дека го пцуел фудбалерот.

Scroll to Top