Top Sport

Кудус го најави трансферот во Вест Хем

Првата ѕвезда на Ајакс Мохамед Кудус наскоро би можел да му се приклучи на Вест Хем.

Откако постигна хет-трик во победата на Ајакс над Лудогорец, Кудус го најаи својот трансфер во тимот на Дејвид Мојс.

„Преговарам со Вест Хем и сега чекам клубовите да се договорат. Мислам дека секој играч сонува да игра во Премиер лигата и кога ќе се појави ваква можност со велите зошто да не? Ја започнав четвртата сезона во Ајакс и чувствувам дека сум подготвен за нови предизвици“, изјави Кудус.

Наскоро се очекува Ајакс да ја прифати понудата на Вест Хем која би можела да изнесува околу 50 милиони евра.

Scroll to Top