Top Sport

Кудус се збогуваше со трагично загинатиот Атсу

Ајакс ја совлада Спарта од Ротердам (4:0), а Мохамед Кудус, на натореварот му одаде почит на сонародникот Крстијан Атсу, кој загина во разорниот земјотрес кој ги погоди во Турција и Сирија.

Кудус емотивно го прослави голот, на маицата што ја носеше под дресот пишуваше: „Почивај во мир Атсу“.

Судијата на овој натпревар Пол ван Бекел реши да ги прекрши правилата на фудбалската игра и да не му покажа жолт картон на Кудус бидејќи тој го соблече дресот.

„Судијата ми рече дека според правилата мораше да ми покаже картон затоа што го соблеков дресот, но нема да го стори тоа бидејќи ја разбира ситуацијата и дека ова е поголемо од фудбалот“, откри Кудус по натпреварот.

Scroll to Top