Top Sport

Кујперс жали што го исклучил Ибрахимовиќ

Холандскиот судија Бјорн Кујперс, жали то го исклучил Златан Ибрахимовиќ во 2015 година. Шведскиот репрезентативец доби директен црвен каротн, во реванш натпреварот со Челси, во Лигата на шампионите.

Ибрахимовиќ доби црвен картон по стартот врз Оскар. Кујперс вечи дека тој и неговиот тим, во тој момент донеле погрешна одлука.

„Го исклучив Ибрахимовиќ во 31.минута. Му дадов директен црвен картон. Кога ќе ја погледнете „нормалната“ снимка, стартот е за црвен картон, но забавената снимка покажува дека стартот е за жолт. Донесов погрешна одлука“, рекол Кујперс.

ПСЖ и без Ибрахимовиќ, успеа да го елиминира Челси. Реваншот во Лондон, по 120 минути заврши 2:2, ПСЖ избори пласман во наредната рунда благодарение на головите постигнати на гостински терен.

Scroll to Top