Top Sport

„Кукавици, немате маииња“, Мурињо дивеел во соблекувалната на Челзи по поразот од Барса

Поранешниот играч на Челзи и англиски репрезентативец, Џо Кол, откри како Жозе Мурињо го „запалил“ тимот по поразот од Барселона во 2005 година.

Годината е 2005 година. Стадион „Камп Ноу“. Челзи загуби од Барселона со 2:1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. А потоа – експлозија. Жозе Мурињо, тогашниот тренер на „сините“, влегол во соблекувалната и истурил се жшто му лежело на душата. Џо Кол го открива тоа во својата автобиографија: „Играч за луксузни пригоди“:

„Вашиот прв голем тест како тим – и не успеавте. Дојдовте на „Камп Ноу“ и се скривте. Кукавици. Нула храброст!“, Мурињо не штедеше никого, ниту Петр Чех, ниту Џон Тери, ниту Френк Лампард.

Им кажа дека Ето и Деко ги смачкале. Тој проколна на совршен англиски: „Вие проклети копилиња! Немате ма..ња!“ Тој сè кажа со лутина, презир и разочарување. Како сите да чекавме егзекуција. Само си помислив: „На секој од нив му дава по 20 секунди. Кога ќе дојде до мене, ќе паднам како покосен“.

Но, дојде редот на Џо и Демиен Даф – и се случи чудо.

„Ни кажа дека игравме добро и дека се трудиме. Се чувствував како човек со врзани очи пред стрелачки вод – спасен во последен момент“.

Гневот на Мурињо беше систем – знаеше кога да скрши, а кога да крене

Кол ја опишува соблекувалната како темно место, но и момент што ги промени играчите. Никој не се осмели ниту да се закашла, но пораката беше примена. Во реваншот, Челзи поведе со 3-0 пред Барса дури и да се „вклучи“ во натпреварот.

„Тој знаеше кога да те скрши, но и кога да те изгради. По реваншот, тој дојде до мене, ме прегрна и им извика на навивачите: „Џо Кол! Победивме благодарение на него“. Тоа беше негов начин да каже дека ми простил – и тогаш знаев дека сум успеал.“

Тренинг со Мурињо – пекол за телото, рај за главата

Конечно, Кол истакнува дека Мурињо не бил само мотиватор, туку и тренер кој го менувал менталитетот на играчите.

„Тој нè тренираше како никој дотогаш. Сè беше со топка, без прекин. Мораше да размислуваш додека играш. Физички те крши, но ментално те прави посилен“, рече Кол.

Португалецот беше во Челзи двапати, од 2004 до 2007 година и од 2013 до 2015 година, а со „сините“, три пати ја освои Премиер лигата и Лига купот, како ФА купот во 2007 година и Суперкупот на Англија во 2005 година.

Scroll to Top