Top Sport

Кулбали се договорил со „граѓаните“ – Наполи бараат 75.000.000 евра

Калиду Кулибали е многу блиску до трансфер во Манчестер сити. Тој преку неговиот менаџер Фаљи Рамадани го договорил условите под кои ќе го носи дресот на „граѓаните“. За да биде реализиран трансферот Сити ќе мора да го договорат обесштетувањето со Наполи.

Италијанскиот тим, како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, бара 75.000.000 евра. Бидејќи Сити и Наполи од минатото лето, поради трансферот на Жоргињо во Челси, ги заладија односите, во името на Наполи ќе преговара менаџерот Рамадани.

Сити во овој преоден рок веќе го донесоа како засилување во одбраната Нејтан Аке од Борнмут за сума од 45.000.000 евра.

Scroll to Top