Top Sport

Кулибали: Бенитез ме направи фудбалер, а Сари е луд човек!

Еден од најдобрите дефанзивни фудбалери на светот, Калиду Кулибали од Наполи призна дека Рафа Бенитез и неговото инсистирање на „нормална, досадна игра“ го направила човекот кој што е денеска, додека за Маурицио Сари, кој од новата сезона ќе го води лутиот ривал Јувентус имаше кратко објаснување за неговиот карактер: „Тој е луд!“.

Бенитез беше тренер на Наполи кога го донесе Кулибали од Расинг Генк во Белгија и 28-годишниот Кулибали вели дека тактичкиот пристап бил клучниот.

„Има поговорка, кога ќе ги научиш јазиците ќе ги отвориш сите врати. Кога дојдов во Наполи не го знаев јазикот, имаше многу зборувања за мафијата и не знаев што да мислам. Кога Рафа ми се јави, мислев дека е некој мој другар и му кажав да не досаѓа, но за среќа тој повторно се јави и ме донесе во Неапол. Првата вечер со Бенитез, извади табла и ми објаснуваше тактика во кафеана. Научив многу од Рафа“, вели Кулибали.

Околу Сари, кого дел од навивачите на Наполи го сметаат за предавник бидејќи стана тренер на Јувентус, Кулибали вели дека „лудиот“ тренер му покажал што значи дресот на Наполи.

„Најважното е и јас да станам семеен човек и вистински наполитанец. Дури кога се враќам во Франција, моите пријатели не велат дека сум Сенегалец или Французин, туку наполитанец. Неапол ги сака луѓето и е топол град, луѓето не те заобиколуваат, туку зборуваат со тебе. Не те толерираат, туку те сакаат. Моите соседи се однесуваат кон мене како да сум им син. Мојата жена беше во клиниката и се пораѓаше, а ние имавме меч против Сасуоло таа вечер. Таа ме повика пет-шест пати и отидов кај Сари да му кажам дека мора да одам бидејќи доаѓа мојот син. Тој не ми даде, и ми кажа дека сум му потребен и на крајот по убедување ме натера да одам и да се вратам на мечот вечерта. Мојот син се роди во 1:30, а во 4 добив повик од Сари. Морате да сфатите дека човекот е луд. Тоа го кажувам на добар начин, но сепак е луд. Но, го сакам тимот и градот и се вратив на мечот. Сари на крајот ме остави на клупата. Не бев стартер и кога му го кажав тоа ми кажа дека сум му потребен на клупата. Тоа покажува многу за тоа што го сакам за Наполи“, вели Кулибали.

Scroll to Top