Top Sport

Феликс на 19 години ќе има плата од 291 илјади евра месечно!

Покрај тоа што ќе стане четвртиот најскап фудбалер на светот зад Нејмар, Килијан Мбапе и Филипе Кутињо, 19-годишната португалска сензација Жоао Феликс ќе има годишна плата од 3.5 милиони евра во Атлетико Мадрид по понудата од 126 милиони евра до Бенфика.

Португалскиот клуб во средата потврди дека „јорганџиите“ дале понуда која ја надминува откупната клаузула од 120 милиони евра, и сензационалниот Португалец ќе заигра во Ла лига.

Покрај 17.5  милиони евра кои ќе ги заработи за петгодишниот договор со Атлетико, тие ставиле откупна клаузула од 250 милиони евра. Шпанските медиуми очекуваат тој да биде презентиран на 4 јули, пред стартот на подготовките за новата сезона.

Феликс влезе во младинската школа на Бенфика од Порто во 2015 година, пред минатата сезона да влезе во првиот тим и да има 43 настапи,и 15 голови за освојување на португалската титула со „орлите“, за потоа со Португалија да го освои трофејот од Лигата на нации со победата над Холандија.

Scroll to Top