Стотерот на калчолигашот Наполи, Калиду Кулибали (29) има желба кариерата да ја продолжи на Островот. Иако од претходно се шпекулираше со негов трансфер во Ливерпул или Манчестер Јунајтед, сепак последните информации се дека најзагреан за неговите услуги е Манчестер Сити.
„Граѓаните“ сезонава ја загубија титулата, па првите луѓе налето се очекува да вложуваат. Менаџерот Пеп Гвардиола смета дека во моментов одбраната е „најслабата алка“ во тимот.
Изборот неслучајно паднал на Сенегалецот Кулибали. Тој има договор со Наполи до 2023 година, но финансиската криза која се предизвика од пандемијата на коронавирусот можно е да ги промени работите.
Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис за него бара 100 милиони евра, но се чини дека нема да може да добие повеќе од 80 милиони евра.