Калиду Кулибали и официјално играч на Челзи. Сенегалецот потпиша четиригодишен договор со клубот од Стенфорд Бриџ, ќе заработува 10 милиони евра по сезона. Челзи за Кулибали му плати 38 милиони евра на Наполи.
Кулибали е второто капитално засилување за Челзи во пресрет на новата сезона, претходно во клубот од Манчестер Сити пристигна Рахим Стерлинг.
„Сините“ до крајот на преодниот рок сигурно ќе донесе уште еден играч во одбраната, откако клубот го напуштија Андреас Кристенсен и Антонио Ридигер.
Introducing our second signing of the summer! ?#KoulibalyIsChelsea
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 16, 2022