Top Sport

Кулибали ќе се врати во Италија, но не во Наполи

Медиумите во Италија и Англија најавуваат дека Калиду Кулибали (31) летово ќе се врати во Серија А. Сенегалецот, се прослави осум години играјќи за Наполи, а сега е блиску до трансфер во Јувентус.

Прашање е дали Кулибали е подготвен да направи вакво предавство. Тој е легенда на Наполи, а во Неапол најомразен тим е Јувентус. Се уште се свежи сеќавањата каква беше ракција на навивачите кога Гонзало Игуаин за 91 милиони евра од Наполи се пресели во Јувентус.

Кулибали оваа сезона одигра 31 натпревар за Челзи во сите натпреварувања и постигна два гола, но јасно е дека не се снајде најдобро во Премиер лигата.

Неоадмана сопственикот на лондонскиот клуб одлучи дека секој играч може да замине на лето доколку за него дојде адекватна понуда, па на трансфер листата се најде и Сенегалецот.

Медиумите во Италија и Англија тврдат дека тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, го посочил Калиду Кулибали како главна цел во летниот преоден рок.

Прашање е колку пари ќе бара Челзи за неговите услуги. Според „Трансфермаркт“, Кулибали моментално вреди 25 милиони евра.

Scroll to Top