Калиду Кулибали се согласил на личните услови со Манчестер сити со кои ќе заработува околу 12 милиони евра по сезона, по што клубот мора да се договори со Наполи за сумата за да се реализира трансферот.
Со редовната плата од 9 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси за перформанси, Сенегалецот всушност би добил удвоена плата од таа која ја добива на „Сан Паоло“.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјави дека Сити „одбиваат“ да разговараат со нив бидејќи се лути на неостварениот трансфер на Жоргињо, но други извори велат дека Сити веќе пратиле понуда од 70 милиони евра која била одбиена од италијанскиот тим. Се верува дека се потребни само уште 5 милиони евра да го убедат Де Лаурентис, кој подоцна би го заменил Кулибали со грчкиот бек на Арсенал, Сократис Папастатопулос.