Челзи и Наполи го договориле трансферот на Калиду Кулибали. „Скај Италија“ пишува дека во наредните 24 часа фудбалерот ќе пристигне во Лондон, на лекарски прегледи и потпис на договорот.
Трансферот би требало да изнесува 40 милиони евра, плус бонуси од 2 милиони евра.
Дека работата е завршена покажува и одлуката на Сенегалецот да не се појави на тренингот на Наполи, туку да го продолжи одморот во Милано.
Сенегалецот имаше договор со Наполи до јуни следната година, но реши да ја прекине соработката со италијанскиот клуб.
Тој пристигна во Наполи во 2014 година и во светлосиниот дрес има одиграно 236 натпревари и постигнато 13 гола.