Јувентус се подготвени да го финализираат трансферот на Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски. 19 годишниот фудбалер на Аталанта кој е позајмен во Парма е вистинско откритие во Серија А оваа сезона.
Италијанските медиуми пишуваат дека во наредните денови Кулушевски ќе треба да ги мине лекарските прегледи во Торино, а потоа ќе го стави својот потпис на договорот според кој ќе заработува 2,5 милиони евра годишно.
Не е познато само дали Јувентус веднаш ќе го приклучи Кулушевски кон првиот тим или ќе го остави до крајот на сезоната во Парма.
„Старата дама“ за трансферот ќе издвои 35 милиони евра.