Дејан Кулушевски се надева дека во недела ќе го одигра својот прв меч за Јувентус и признава дека пристигнал во Торино за да го освои скудетото.
Шведскиот репрезентативец со македонско потекло доаѓа од Аталанта откако лани беше позајмен фудбалер во Парма и признава дека едвај чека да игра за „бјанконерите“. Јувентус ја отвараат новата сезона во недела пречекувајќи ги Сампдорија.
„Во недела имаме многу важен меч и пресреќен сум што конечно почнуваме. Ако тренерот ме избере, јас сум подготвен едвај чекам да почнеме. Тука сум да бидам подобар на теренот и надвор од него, да помогнам на соиграчите и да го направам градот среќен. Имам среќа што дојдов во толку голем клуб и сакам да играм на секој натпревар и да го освојам скудетото“, вели Кулушевски.
Il nostro numero 44 si sente il ragazzo più felice del mondo ?
Qui ➡️ https://t.co/V9hqielPr9 vi spiega il perchè. #BenvenutoDejan pic.twitter.com/NihQLVk1Mj— JuventusFC (@juventusfc) September 18, 2020
-2️⃣ ??#BenvenutoDejan pic.twitter.com/AttbBMZ6Os
— JuventusFC (@juventusfc) September 18, 2020