„Тутоспорт“ ги објави имињата на 20 фудбалери кои ќесе тркаат за наградата „Голден бој“. Оваа награда му се доделува на најдобриот млад играч. Минатата година наградата му припадна на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.
Најзвучни имиња на оваа скратена листата секако се Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, односно Ансу Фати од Барселона.
Бразилците Родриго и Винисису Жуниор се претставниците на Реал Мадрид, а во конкуренција е и Швеѓанецот со македонски корени Дејан Кулушевски од Јувентус.
Победникот ќе биде прогласен по гласањето на 40 новинари од цела Европа.
Листата на номинирани:
Мичел Бакер (ПСЖ), Едуардо Камавинга (Рен), Џонатан Давид (Лил), Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен), Сержињо Дест (Барселона), Фабио Силва (Вулверхемптон), Ансу Фати (Барселона), Фил Фоден (Манчестер сити), Рајан Гравенберч (Ајакс), Месон Гринвуд (Манчестер Јунајтед), Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Калум Хадсон-Одои (Челси), Дејан Кулушевски (Јувентус), Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд), Доминик Собослаи (Лајпциг), Родриго (Реал Мадрид), Сандро Тонали (Милан), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), Букајо Саха (Арсенал), Феран Торес (Манчестер сити).