Дејан Кулушевски, играчот на Јувентус на позајмица во Тотенхем, е прогласен за најдобар играч во Шведска во 2022 година.
Младиот 22-годишен напаѓач ја доби оваа награда за прв пат во кариерата и стана најмладиот добитник на „Гулдболен“ (Златната топка).
Кулушевски на подиумот го замени фудбалерот на Лајпциг, Емил Форсберг, најдобар во 2021. Рекордер е Златан Ибрахимовиќ со дури 12 „Златни топки“ за Шведска (десет по ред).
„Целата година беше фантастична. Многу сум горд и исклучително среќен. Многу луѓе ми помогнаа да стигнам овде, но патот до успехот не беше лесен“, изјави Дејан Кулушевски.
Кулушевски ја започна 2022 година во Јувентус, но на 31. јануари италијанскиот клуб и Тотенхем се договорија 18. месечна позајмица.
Дејан Кулушевски е роден во Стокхолм. На почетокот на кариерата настапуваше за јуниорските селекции на Македонија, но подоцна го смени дресот и денес е репрезентативец на Шведска. За оваа земја одигра 27 натпревари и постигна два гола.
𝑫𝑬𝑱𝑨𝑵 𝑲𝑼𝑳𝑼𝑺𝑬𝑽𝑺𝑲𝑰 𝑽𝑰𝑵𝑵𝑬𝑹 𝑮𝑼𝑳𝑫𝑩𝑶𝑳𝑳𝑬𝑵 𝟐𝟎𝟐𝟐! 🏆
Stort grattis till din första Guldboll! 🇸🇪💯 pic.twitter.com/qfr5qNnqKl
— Svensk Fotboll (@svenskfotboll) December 27, 2022