Дејан Кулушевски, шведскиот репрезентативец кој одби да стане македонски репрезентативец, може да стане соиграч на македонската легенда Горан Пандев во Џенова, откако „Грифоне“ го побарале фудбалерот на Јувентус на позајмица до крајот на сезоната.
Поранешното крило на Аталанта и Парма, исто така е на мето на Севилја, Арсенал и Тотенхем, кои бараат директно да го купат, откако тој не добива редовна минутажа по враќањето на Масимилијано Алегри на клупата на Јуве. Сега, според „Калчомеркато“, Јувентус чекаат „прикладна“ понуда за да го пратат – Тотенхем и Арсенал се клубовите кои можат да ја приуштат неговата посакувана цена од 35 милиони евра.
Меѓутоа, поинтересната понуда доаѓа од Италија, односно од Андриј Шевченко, со која тој би останал во Серија А и би се обидел да ја врати самодовербата и во исто време да помогне на Џенова да опстане во лигата.
?Info : Le #Genoa rêve d'attirer de Dejan Kulusevski ??. Contact pris avec son agent.
• Mais forte concurrence sur le dossier notamment en ???????.
• Selon son entourage, #Arsenal et #Tottenham suivent attentivement dossier. pic.twitter.com/8HdE73A0ak
— Santi Aouna (@Santi_J_FM) January 4, 2022