Шведската фудбалска јавност е преокупирана со одлуката на Анел Ахмедхоџиќ, 21-годишниот бек на Малме да избере да игра за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, за што веднаш беше побарано и мислење од новиот фудбалер на Јувентус, Дејан Кулушевски.
Кулушевски играше за У-17 репрезентацијата на Македонија, пред да реши да ја избере Шведска во сениорскиот тим, и сега вели дека за него одлуката била лесна.
„За мене одлуката беше лесна, бидејќи сакав да играм за Шведска. Не знам зошто Ахмедхоџиќ ја избра Босна и Херцеговина, но ако сметаше дека тоа е вистинска одлука за него, тогаш е така. Понекогаш е тешко да го заборавиш своето потекло“, вели Кулушевски.