Парма со 2:0 го совлада Удинезе за да се врати на победите по поразот во дербито со Јувентус, и во исто време му го нанесе на клубот од Удине вториот пораз во низа по драматичниот меч со Милан.
Креатори на победата беа двајца шведски фудбалери – прво дефанзивецот Рикардо Гаљоло стрелаше во 19. минута, за Дејан Кулушевски да ја потврди победата во 34. минута. Парма сега е на седмото место на табелата со 31 поен, колку што има и шестопласираниот Каљари и осмопласираниот Милан. Удинезе се на 14. место со 24 поени.
СЕРИЈА А, 21.КОЛО
Парма – Удинезе 2:0
Сампдорија – Сасуоло 0:0
Верона – Лече 3:0