Top Sport

Кулушевски се враќа во Серија А

Дејан Кулушевски по завршувањето на сезоната ќе го напушти Тотенхем и ќе се врати во Серија А, тврдат италијанските медиуми. Кулушевски, игра во променлива форма оваа сезона во Премиер лигата, на 28 натпревари постигна шест гола.

Репрезентативецот на Шведска, во Тотенхем пристигна пред две ипол години од Јувентус за 30.000.000 евра.

Според локалното радио во Неапол, се уште актуелниот шампион на Италија работи на трансферот на Кулушевски.

Се очекува клубот да заработи од продажбата на Виктор Осимен (се шпекулира с сума од 120.000.000 евра) и дел од парите ќе ги инвестира во крилниот напаѓач.

Неговата вредност се проценува на 55.000.000 евра.

Во Италија, покрај за Јувентус, играше и за Аталанта и Парма, каде имаше одлична сезона која го овозможи трансферот во редовите на „старата дама“.

Scroll to Top