Top Sport

Кулушевски: Смиреноста на Постекоглу е клучна за Тотенхем

Дејан Кулушевски во 110. минута од мечот постигна гол за Тотенхем да извлече 2:1 победа над Шефилд јунајтед, и шведскиот ас смета дека новиот менаџер, Австралиецот Ејнџ Постекоглу е клучниот човек за добрите резултати на клубот и четирите победи во низа на стартот на сезоната.

„Јас бев смирен и се обидов да останам таков до крај, бидејќи се работи само за фудбал. Мораме да играме така. Го гледам нашиот тренер Ејнџ, тој секогаш е смирен на аут-линијата и мора да го следиме неговиот пример“, вели Постекоглу.

58-годишниот Постекоглу, неверојатно, нема домашен пораз во лигашки меч речиси три години, од времето кога беше тренер на Јокохама и загубија од Кашима во ноември 2020.

Scroll to Top