Top Sport

Кулушевски: Страдав во Јувентус, чувството во Тотенхем е прекрасно

Шведскиот фудбалер со македонско потекло, Дејан Кулушевски вели дека е прекрасно чувство да се игра во Премиерлигата под тренер како Антонио Конте, откако вчера заедно со Хери Кејн беше најзаслужниот што Тотенхем стигна до блескава 3:2 победа над шампионот Манчестер сити.

Кулушевски, заедно со Родриго Бентанкур, замина од Јувентус на позајмица во Тотенхем во јануарскиот преоден рок, и во првиот старт вчера за Тотенхем имаше гол и асистенција за одлучувачкиот гол на Кејн.

„Страдав толку многу во последните месеци, не се чуствував добро и да се игра вака во првиот старт во Премиерлигата е нешто што не можам да го опишам. Решив да останам смирен и да играм без многу мисли во главата. Дадовме рано гол и потоа само игравме“, објаснува Кулушевски во интервју за „Скај спорт Италија“.

Откако под Макс Алегри играше на неколку позиции без никогаш да го исполни потенцијалот, под Конте животот е поинаков.

„Прекрасно е бидејќи Конте само сака да победува и ако не победуваме, не е среќен. Работиме напорно и нема други тајни. Мора да работиш и да го слушаш тренерот“, додава Кулушевски.

Хари Кејн му пресуди на шампионот – Поразот на Сити го врати Ливерпул во шампионската трка

Scroll to Top