Новата шведска ѕвезда на Јувентус, Дејан Кулушевски е воодушевен од тоа што го дочека во „старата дама“ по трансферот во текот на летото, велејќи дека не можел да направи подобар избор за клуб.
Поранешниот фудбалер на Аталанта потпиша со „бјанконерите“ во јануари, но остана до крајот на сезоната како позајмен фудбалер во Парма, и сега вели дека во Торино наишол на „прекрасно место“ каде што сите веруваат во негов развој.
„Тука сè прекрасно, нема врска колку години имам. Не е важно колку си млад или стар, ако треба да играш, треба да го дадеш максимумот. Сите се тука да ми помогнат и добивам одговор на секое прашање кое го имам. Ваква атмосфера ми дава простор да бидам многу подобар“, вели Кулушевски за „Скај спорт Италија“.