Top Sport

Куман: 100 отсто нема да одам во Барселона

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Роналд Куман, за холандскиот „Фокс Спорт“, ја потврдил информацијата дека во договорот со националниот сојуз има клаузула кој му овозможува да замине во Барселона по завршувањето на ЕУРО 2020.

„Да, постои Барселона-клаузула во договорот. Во овој момент 100 отсто нема да одам никаде“, рекол Куман.

Куман, инаку поранешен фудбалер на Барселона (1989-1995), има договор со Фудбалскиот сојуз на Холандија до 2022 година.

Барселона игра променливо оваа сезона, а по саботниот пораз од Леванте (3:1) чести се шпекулациите дека Ернесто Валверде ќе добие отказ. Валверде има договор со клубот до крајот на сезоната, со опција тој да биде продолжен и за сезоната 2020/2021.

Scroll to Top