Top Sport

Куман бесен, играчи на Барса доцнеле на тренинг

Холандскиот стратег Роналд Куман кој се уште не дебитирал на клупата на Барселона на официјален меч се судрува со недисциплина во екипата.

Шпански „Cuatro“ објави дека тројца фудбалери на екипата задоцниле на тренинг и тоа многу го налутило Куман и неговите помошници.

Најмногу доцнел Нелсон Семедо, 19 минути, па Дембеле 11 минути и Артуро Видал 7 минути.

Сите тројца ќе бидат парично казнети, а најмногу загрижува ситуацијата со Дембеле за кого ова не е прва опомена.

Фудбалерите на шпанскиот вицепрвак изгледаат лошо на физички план, па Холанѓанецот веднаш почнал да работи на тоа.
Додекa Валверде и Сетиен беа на клупата на Барса тренинг сеансите траеле по 60 минути, а сега времето за ова е 90 минути. Интензитетот е зголемен има многу трчање.

Куман воведе и нови дисциплински мерки. Играчите во клупските објекти треба да се појават 1 час пред почетокот на тренингот за да имаат доволно време за подготовка. Ако тренингот започнува во 9.30, Куман сака на терен да ги види во секунда.

Scroll to Top