Додека цела Каталонија очекува да „падне“ неговата глава, Роналд Куман се појави пред новинарите на редовната прес-конференција пред дербито со Атлетико во Мадрид.
„Да останувам во Барселона“, рекол насмеаниот Куман и продолжил.
„Никој од клубот ништо не ми кажал. Знам дека претседателот утрово бил во клубот, но несе видовме. Екипата го одработи тренингот, работите се исти. И јас имам очи и уши, знам дека „течат“ инфомации од клубот. Сигурно дека некои од нив се точни, но ќе повторам мене никој ништо не ми кажал“.
Куман не одговорил на пишувањата дека претседателот повеќе не разговара со него, но одговорил на прашањето дали утре последен пат ќе биде тренер на Барселона. Инаку тој е суспендиран и нема да седи на клупата против Атлетико.
„Уте ќе го дознаеме одговорот на ова прашање. Јас не сум важен, важен е тимот. Овде сум поради љубовта кон клубот, дојдов во момент кога ситуацијата беше компликувана, а од првиот ден имам впечеток дека нештата се многу посложени“, рекол Куман и открил кога бил најсреќен и најтажен во клубот.
„Најсреќен бев кога потпишав договор со Барселона, најтажен кога замина Меси“.