Тренерот на Барселона одржа прес конференција пред натпреварот со Динамо Киев, во Лигата на шампионите. Барселона, новата сезона во ова натпреварување ја започна со два порази, од Баерн и Бенфика. Барселона, без освоен бод и без постигнат гол е последна во групата.
Играчите на Куман мора да го победат Динамо, доколку сакаат да останат во трката за пласман во нокаут фазата.
„Подобри се од минатата сезона. Јасно ни е што можеме да очекуваме. Нашата иднина во Лигата на шампионите е под знак прашалник“, рекол Куман.
Холандскиот тренер истакнал дека не е реално да се очекува од неговиот тим да ја освои титулата во Лигата на шампионите.
„Можеме да се натпреваруваме. Сепак, кога ќе ги погледнете другите тимови, не можете да барате да ја освоиме ЛШ. Другите многу напредуваа, за разлика од нас. Се случија промени“, заклучил Куман.
Барселона ќе го пречека Динамо утре од 18.45 часот.