Луис Суарез ќе биде првата „жртва“ на новиот тренер на Барселона Роналд Куман. Холандскиот стратег веднаш по именувањето изјави ќе направи темелна реконструкција на првиот тим.
„Марка“ пишува дека Куман телефонски разговарал со Суарез и му соопштил дека нема да смета на него во новата сезона.
Уругавецот има договор со Барселона до 30 јуни наредната година.
Прашање е како на овој потег на Куман ќе реагира Лионел Меси бидејќи Суарез му е најдобар пријател во тимот.
Луис Суарез во Барселона пристигна во 2014 година, за „блауграна“ одиграл 283 натпревари и постигнал 198 голови.