Top Sport

Куман и Пике по поразот од Баерн: Ова е реалноста

Баерн Минхен, синоќа на „Ноу Камп“, демонстрираше сила. Баварците не само што ја победија Барселона со 3:0, туку домашниот тим го оставија без шут во рамките на голот.

Барселона, која пред нешто повеќе од еден месец, остана беа Лионел Меси, со квалитетот е под Баерн. Тоа го призна и тренерот на Каталонците, Роналд Куман.

„Баерн во овој момент се многу подобри од нас. Постои голема разлика меѓу играчите. Не можам ништи да им замерам на моите играчи. Тимот е тој, тоа се млади играчи, за две до три години ќе бидат многу добри“, рекол Куман.

На зборовите на тренерот се надоврзал и еден од капитените, Џерар Пике.

„Тешко е кога дома ќе загубите со 3:0. Бевме конкурентни во првиот дел. Не уништи голот за 2:0. Годината ќе биде комплицирана. Баерн беа многу подобри. Крајот на сезоната ќе покаже што сме направиле, ги имаме Фати и Агуеро, кои можат да го подигнат нивото на играта. Факт е дека во моментов не сме меѓу фаворитите. Играа четворица играчи кои имаат 18 години. Тоа е нашата реалност. Не барам алиби, ќе видиме каде сме на крајот од сезоната“, рекол Пике, кој смета дека ова е клучниот месец за клубот.

Scroll to Top