Барселона четири пати по ред губи од Реал Мадрид во „Ел класико“, овојпат дома со 1:2, но тренерот Роналд Куман вели дека тие играле добро и дека проблем е неефикасноста на тимот. Куман стана првиот тренер на Барселона кој загубил три дуели со Реал во низа во последните 85 години по Англичанецот Патрик О’Конел во сезоната 1935/36.
„Секако дека не сум задоволен со резултатот, но мислам дека игравме добро во првото полувреме, но не дојдовме во водство преку Дест. Не направивме многу директни шанси пред голот и не ги искористивме. Кога губиш дома од Мадрид, тешко е да се гледа на позитивните работи, но беше тесно и мораме да го прифатиме тоа. На Ел Класико губиш повеќе од три поени, го разбирам тоа, но нема простор за разочарување – во среда имаме нов натпревар, а сезоната е долга“, вели Куман.
Од друга страна, Карло Анчелоти вели дека е задоволен од неговиот тим.
„Целиот тим се чувствува добро и сака да игра фудбал и тоа е многу добро. Можеме да се натпреваруваме, а игравме против силен тим. Не ја загубивме контролата и Ел класико секако е најважниот натпревар, но вреди само три поени“, објасни Анчелоти.
Ronald Koeman is the first Barça manager to lose 3 Clasicos in a row in over 85 years. The last manager to do so was Patrick O’Connell in the 1935/1936 season.
— @sport pic.twitter.com/3uNfaAD4xu
— Barça Universal (@BarcaUniversal) October 24, 2021
„Кралевите“ ja освоија Каталонија за прво место и нова криза на Барса